| Глатков
Дизајн е компанија која се занимава со производство на мебел за
бањи. Мебелот се изработува од медијапан и иверица фарбани со
полиутеранска боја со што е заштитен од вода и водена пара.
Материјалот што се употребува за
изработка на овие елементи се произведува од
реномирани фирми.
Процесот на обработка на
медијапанот е подолготраен со што би се
добила долготрајност и висока водоотпорност.
Медијапанот поминува низ три фази на
обработка.
-Првата фаза при изработка е обработување на кантовите во
посакуваниот радиус.
-Потоа се пристапува кон обликување
на кривините на
самите врати од елементот.
-И на крај се пристапува кон процесот на фарбање.
Фарбањето исто така се одвива во три
фази.
-Првата фаза е стругање и фарбање со изолант за да се затворат
порите на материјалот.
-Повторно се струга и се фарба со темел за да се даде подлога на
бојата.
-Последна фаза е фарбањето со полиутеранска боја.
Елементите се воглавно во сериско
производство со стандардни димензии и бела боја. Но не се исклучува
можноста за изработка на мебел по нарачка со ваш избор на дизајн,
боја, и димензии.
Почуствувајте топлина
во вашата бања.
|